Политика за приватност
Кои податоци се собираат?
Plata.fyi собира само доброволно споделени податоци за плата: компанија, позиција, индустрија, град, искуство и примања. Сите јавно прикажани записи се целосно анонимни.
Е-маил адресата
Е-маил адресата никогаш не се зачувува во базата. Се користи само за испраќање на линкот за пристап. Никакви идентификациски податоци поврзани со адресата не се чуваат.
Како функционира пријавувањето?
Plata.fyi користи „магичен линк" за пристап — без лозинка, без регистрација.
- Ја внесувате вашата е-маил адреса.
- Добивате е-маил со еднократен линк за пристап.
- Кликнувате на линкот — тој се брише веднаш од датабазата. Не може да се употреби повторно.
- Во вашиот прелистувач се зачувува нова сесија (анонимен токен) која важи 30 дена.
- Додека сесијата е активна, можете да ги уредувате и бришете вашите записи без повторно пријавување.
- Ако изгубите пристап (се избрише прелистувачот), едноставно побарајте нов линк.
Вашата е-маил адреса никогаш не се зачувува во датабазата. Бидејќи линкот од е-маилот се брише веднаш при прво кликање (чекор 3), не постои никаква врска помеѓу вашата адреса и вашите записи — дури ни преку е-маил логови. Нема начин да се утврди кој ги внел одредени податоци.
Јавни податоци
Сите записи за плата се јавно достапни и анонимни. Немаме можност да утврдиме кој ги внел одредени податоци врз основа на јавно достапните информации.
Повратни информации и предлози
Имате идеја за подобрување, забележавте грешка, или сакате да ни кажете нешто? Пишете на kontakt@plata.fyi.
Инспирација
Plata.fyi е инспириран од levels.fyi — платформа која им овозможува на вработените во технолошката индустрија да ги споредуваат своите компензации. Целта е да се направи исто за сите индустрии во Македонија.